Препораките со кои во сабота излезе Владата за Тетово, Куманово и Кавадарци, а со цел да се намали аерозагадувањето кое беше исклучително високо изминатата недела, веќе од денеска нема да важат.
Loading...
– Согласно податоците од Државен автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи на ден 30.11.2020, среднодневните концентрации на РМ10 се под дефинираниот праг на алармирање од 175g/m3 на мерните места во Тетово, Куманово и Кавадарци и со тоа престануваат да важат препораките и мерките при надминат праг на алармирање, информираат од Владата.
Никола Ивановски