Возачи во паника: Огромна дупка проголта две возила за секунда (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Во Омаха, Небраска, двајца американски возачи доживеаја необичен инцидент кога асфалтот под нивните возила одеднаш попушти, создавајќи длабока дупка што проголта еден теренец и камион.

Инцидентот се случил во вторник попладне на прометна крстосница, а моментот на уривањето е снимен од надзорните камери.

Според извештајот на Асошиејтед Прес, ниту еден од возачите не е повреден.

Возачот на камионот успеал сам да излезе од дупката, додека на возачот на теренецот му помогнал случаен минувач да излезе од дупката.

Локалната полиција потврди дека немало сериозни последици.

Градскиот оддел за јавни работи објави дека причина за уривањето е оштетена водоводна цевка.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Епстин тргувал со жени преку британските аеродроми до 2019 година

Комуналната компанија што управува со водоснабдувањето на градот сè уште не издаде соопштение за медиумите.

На возачите и минувачите им се препорачува да бидат внимателни на тој дел од патот додека не завршат работите.