Кинеската полиција уапси маж кој со својот автомобил влета во пешачка зона, при што уби пет лица, а повреди 13, јавува „Би-Би-Си“.
Инцидентот предизвика гнев во јавноста, при што многумина го обвинија човекот дека намерно газел врз луѓето.
Како што додава британскиот јавен сервис, на видеата објавени на социјалните мрежи се гледа како возачот излегува од автомобилот и фрла пари во воздух, веднаш по трагедијата.
Телеграф не можеше самостојно да ја потврди автентичноста на снимката.
Полицијата соопшти дека уапсила 22-годишен маж.
Инцидентот се случи во средата за време на вечерниот шпиц на голема крстосница во јужниот град со 19 милиони жители.
DON’T WATCH if you cannot handle it #China 2023 1.11 17:25 #中国 #广州 #天河区 horrific footage of car driving through a pedestrian crossing hurting many pedestrians
* Source from social media platforms pic.twitter.com/jzAuxtVY1p— atomic .. ⚛️ half-life ☢️ stage ..😅 (@Pen1900) January 11, 2023