Возач на автобус во Германија доби отказ поради тетоважа на раката (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Германската нискобуџетна автобуска фирма „Фликсбус“ отпштила еден од своите возачи откако на социјалните мрежи било споделено дека на левата рака има тетоважа со наслов од книга, но не било која.

– Возачот за кој станува збор веднаш е суспендиран и повеќе нема да може да работи кај нас, рекла фирмата во изјавата испратена преку електронска пошта.

Портпаролот истакнал дека возачот го изнајмил еден од италијанските партнери на компанијата. Рекол дека не може да открива други информации поради заштита на подаоците.

Тетоважата на раката на возачот минатата недела ја забележал еден француски патник на патување од Јужна Франција во италијанскиот град Бергамо.

Тој всушност го има истетовирано името на книгата на Адолф Хитлер, „Меин Кампф“.

Фотографијата и тетоважата со натписот преку целата подлактица предизвикала лавина коментари и огорченост на социјалните мрежи.

„Фликсбус“ најпрвин го бранел возачот велејќи дека не може „да прифати никаква дискриминација“ против било кој од вработените.

Сепак потоа се извиниле и го отпуштиле.

Image by F. Muhammad from Pixabay

Leave a Reply