Возач и забранил да влезе во градскиот превоз поради градите: Ѝ кажал дека ги навредува патниците со изгледот (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Кристина Дуран од Валенсија доживеала вистинска непријатност во јавноста, сето тоа поради облеката што ја носела.

Loading...

Имено, пред неколку дена и бил забранет влез во градскиот автобус поради облеката, која доста ги откривала нејзините гради.

На девојчето и било кажано дека со своите разголени гради ги навредува другите патници, а нејзиниот „твит“ во кој го опишува инцидентот стана вирален пост на таа платформа со илјадници коментари.

 

 

 

„Правило или дискриминација? Ме пуштија да влезам во другите два автобуси без никакви проблеми или приговори“, напиша таа, меѓу другото, во објавата што ја пренесоа речиси сите шпански медиуми во понеделникот.

Loading...

Така, порталот „20minutos“ во својот текст посочи дека во Валенсија навистина нема правила со кои јасно се дефинира како патниците не треба да се облекуваат, што во суштина значи дека возачот направил лична проценка дека девојката била несоодветно облечена.