Возач дивеел низ населбата Јане Сандански, со возило го притиснал до оградата

Сподели со своите пријатели

Вчера околу 17.55 часот во СВР Куманово,  И.П. (31) од населбата Јане Сандански пријавил дека истиот ден околу 17.50 часот непознат сторител со патничко моторно возило марка „Фолксваген Поло“ со кумановски регистарски ознаки со многу голема брзина ќе прегазел дете, при што пријавителот изреагирал и му викнал.

Во тој момент возачот со возилото наназад тргнал кон И.П., при што го удрил во пределот на стомакот, го турнал на земја и го притиснал со возилото до бетонска ограда. После тоа излегол од возилото, ги собрал скршените делови од возилото и си заминал од местото.

Во 19.00 часот во СВР Куманово дошол возачот на возилото, Е.П. (27) од населбата  Јане Сандански и сам се пријавил, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.