Воз застанал во тунелот под Ла Манш, патниците чекале со часови

Сподели со своите пријатели

Десетици луѓе со часови останале заробени во тунелот под Ла Манш откако се расипал воз што сообраќал од Кале, Франција до Фокстон, Велика Британија, јавува Би-би-си.

Loading...

Се појавија снимки на кои се гледаат патниците од шатлот од Евротунел, кои биле евакуирани во делот за итни случаи, како шетаат низ тунелот меѓу Велика Британија и Франција.

Тие на крајот беа ставени во воз за замена и однесени на терминалот Фокстон во Кент.

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  СЗО: До 2050 година бројот на нови случаи на рак ќе се зголеми за 77 отсто

 

Компанијата најпрвин на Твитер објави дека возот се расипал, а подоцна во изјава за Би-Би-Си дека не, но навела дека се активирани алармите на него, што барало да се истражи причината и да се евакуираат патниците.

Со дел од 37,9 километри, овој тунел го има најдолгиот подводен дел во светот, јави Би-Би-Си.

Loading...