Воз кој сообраќал на линијата Скопје – Табановце вчера удрил во четири лица мигранти кои се движеле по пругата.
– На 08.08.2022 во СВР Куманово е пријавено дека околу 07.20 часот на пругата во близина на Железничка станица Романовце, патнички воз кој сообраќал на релација Скопје – Табановце, удрил во едно лице мигрант, кое се движело со уште три лица- мигранти по и покрај пругата, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Возот застанал на местото на незгодата, но мигрантите избегале.
Loading...
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово.
Никола Ивановски