Воз излета од шините во Словенија, најмалку двајца повредени

Сподели со своите пријатели

На пругата Метлика-Љубљана во општина Ново Место во вторникот вечерта воз излета од шините поради паднато дрво, а најмалку две лица се полесно повредени, јавува СТА во средата.

Loading...

Според Словенечките железници двајца патници се полесно повредени, а според Дирекцијата за заштита и спасување тројца се повредени.

Железничката линија меѓу Метлика и Љубљана ќе биде затворена до понатамошно известување, соопштија од словенечки железници.

Возот излетал од шините меѓу станиците Бирчна вас и Уршна села во вторникот во 21:25 часот поради дрво кое паднало на железничката пруга. Во возот имало седум патници, машиновозач и двајца кондуктери.

Двајца патници се полесно повредени и се пренесени во болница во Нови Место, соопштија од словенечки железници.

Според податоците на Управата за заштита и спасување, во несреќата се повредени тројца сопатници.

Како што соопштија, првиот вагон излетал од шините поради паднат даб. На местото на несреќата веднаш излегле пожарникари од Ново место, Шмихел и Странска вас.

Железничката линија Метлика-Љубљана ќе биде затворена до отстранување на последиците од несреќата, а ќе се организира и алтернативен автобуски превоз за патниците.

Loading...