Воз излета од шините во Русија, има многу повредени (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Најмалку 70 лица се повредени кога девет вагони на патнички воз излетале од шините во Република Коми на северот на Русија.

Loading...

Руските медиуми јавија дека, според последните информации, во оваа тешка железничка несреќа нема жртви.

Патничкиот воз со број 511 сообраќал меѓу Воркут, град на северот на Русија и Новоросијск на брегот на Црното Море.

Несреќата се случила недалеку од градот Инта, изјавија претставници на Руската железница, пренесува Б92.

„Службите за итни случаи се на терен. Преземени се сите неопходни мерки за помош на повредените. Сообраќајот на пругата е запрен“, соопштија руските власти.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мајкрософт на мета на хакери

Руските медиуми објавија и дека обвинителството покренало истрага за причините за инцидентот.

Возот имал 14 вагони со вкупно 232 патници.

 

Loading...