Најмалку 10 лица загинаа, а 73 се повредени во железничка несреќа на северозападот од Турција, јавуваат тамошните медиуми, повикувајќи се на извори од Министерството за здравје.
Воз со 362 патници излетал од шините по обилните врнежи кои активирале свлечишта, наведува Ројтерс. Медиумите наведуваат дека возот тргнал од Едрине, на границата со Грција кон Истанбул.
https://twitter.com/FuatKircaali/status/1015992030466592775
На местото на несреќата пристигнале службите за вонредни состојби, како и воени хеликоптери, пренесува АП.
Областа ја погоди свлечиште, така да приодите се тешко достапни.
https://twitter.com/EsmaUyumlu/status/1016004506222497792