Едено лице е повредено, откако воз и автомобил марка мерцедес вчера се судриле во кумановско Романовце.
Loading...
– На 24.12.2021 околу 11.20 часот во с.Романовце, кумановско на патен премин кај место викано „Превој“ се случила железничка незгода помеѓу воз кој сообраќал на релација Ж.С.Табановци Ж.С.Трубарево и патничко моторно возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.Ј. од с.Алашевци, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Од незгодата С.Ј. се здобил со повреди и е префрлен во болница во Куманово за укажување на лекарска помош.
Увид на лице место извршила екипа од СВР Куманово.
Никола Ивановски