На цивилите во Украина им е дозволено да пукаат во војници кои ги препознаваат како непријателски сили, според новиот закон кој стапува на сила оваа недела, објавија украинските медиуми.
Според законот, кој е во сила од понеделникот, странците и лицата без државјанство кои живеат илегално во земјата, исто така, можат да поседуваат оружје и да го користат против руските војници вклучени во нападот на Украина.
Британците ѝ испраќаат на Украина ново моќно оружје против руските авиони
Издавањето оружје ќе го регулира МВР. Целото издадено оружје и преостаната муниција ќе треба да се вратат најдоцна 10 дена по укинувањето на вонредната состојба, која е моментално на сила.
Автоматски пушки и муниција веќе беа неселективно издадени во првите денови од војната, особено во Киев.
Престрелките избувнаа и беа прекинати дури по воведувањето на строг полициски час.
ХОРОР: Ова се сателитски снимки од Мариупол по бомбардирањето
Кремљ ја критикуваше дозволата. „Ако некој нападне руски војник со оружје во рака, тој станува мета“, соопшти Кремљ.