Вооружени лица киднапираа најмалку 45 жени и деца за време на ноќните напади во пет села во државата Замфара, северозападна Нигерија, соопштија локални претставници и сведоци.
Според службеникот Шеху Муса, напаѓачите се вратиле во селото Сабонгарин Дамри во понеделник и ги прошириле своите напади во блиските села Саде, Тунгар Кале, Тунгар Соданги и Тунгар Муса Дого, објави Ројтерс.
Нападот траел до зори, а вкупно биле киднапирани најмалку 45 лица, додека во претходниот инцидент во саботата, 70 лица биле земени од Сабонгарин Дамри.
Безбедносните сили одговориле за време на нападот и убиле тројца напаѓачи, но не успеале да го спречат киднапирањето и кражбата на добиток.
Пријавени се и цивилни жртви, но бројот на убиени сè уште не е потврден.
„Тие главно киднапираа жени и деца откако убија некои од нашите луѓе“, рече Хасан Дауда од селото Тунгар Кале. Жителите на селото почнале да бегаат поради страв од нови напади.