Вооружени лица киднапираа најмалку 227 ученици и наставници од католичко училиште во северозападна Нигерија, потврди претседателот на Христијанското здружение на Нигерија, Булус Даува Јохана.
Според него, меѓу киднапираните се 215 ученици и студенти и 12 наставници.
Неколку ученици успеале да избегаат, но деталите не се објавени, јавуваат агенциите.
Поради серијата напади врз училиштата оваа недела, властите затворија 47 колеџи во регионот.
Последното киднапирање се случи во државата Нигер и претставува најголем масовен напад врз ученици од март 2024 година, кога повеќе од 200 ученици беа киднапирани во државата Кадуна.

