Вооружена пресметка во индиската касарна: Четворица војници загинаа

Сподели со своите пријатели

Четворица индиски војници загинаа денеска во касарната за време на вооружен инцидент, соопштија официјални лица, истакнувајќи дека потрагата по напаѓачите е во тек.

Loading...

Непознат број луѓе, кои пукаа во војници во касарната Батида во пограничната држава Пенџаб, сѐ уште се на слобода и поседуваат оружје, изјави за Ројтерс анонимен извор од Министерството за одбрана.

Инцидентот „не е терористички напад“ и се случил во менза, изјавил за британската агенција висок полициски функционер во Пенџаб.

„Инцидентот се случи во 4 часот и 35 минути наутро. Активирани се тимови за одговор при итни случаи. Просторот е ограден и блокиран. Потрагата е во тек, а се утврдуваат сите детали“, се вели во соопштението на армијата.

Во овој објект, на околу 280 километри северозападно од Њу Делхи, се сместени главно семејства на војници и станува збор за станбена воена база, наведува Ројтерс.