Вчера во 21,50 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на улицата „Лазар Трповски“ во аптека едно непознато лице со закана со пиштол од вработената одзел околу 25.000 денари, по што го напуштил местото на настанот, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.