Вооружен грабеж вечерва во маркет во населба Карпош

Сподели со своите пријатели

Доцна попладнево маскиран и вооружен разбојник со пиштол извршил грабеж во маркетот на ”Елида” во населба Карпош, Куманово.

Според првичните информации од очевидци, разбојникот со пиштол ја удрир вработената по глава и го одзел дневниот пазар по што избегал во непознат правец.

Полицијата изврши увид и трага по разбојникот, а повеќе дерали најавија по завршување на увидот.

Извори за нашиот портал  велат дека во маркетот за време на грабежот имало две вработени , а оваа е втор грабеж во истиот објект.