Рано утринава во 03.05 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на улицата „Методија Андонов-Ченто“ во бензиска пумпа две непознати маскирани лица со закана со пиштол од вработените одзеле околу 15.000 денари, по што го напуштиле местото на настанот, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.