Вонредна состојба во Шри Ланка, полицијата употреби солзавец (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Премиерот на Шри Ланка Ранил Викремесинг прогласи вонредна состојба во цела Шри Ланка, а воведен е полициски час во западниот дел на земјата.

Loading...

Илјадници луѓе протестираат на улицата Раџикеја Мавата во близина на кабинетот на премиерот и се упатуваат кон Парламентот.

Полицијата фрлила солзавец врз дел од демонстрантите.

Да потсетиме, претседателот на Шри Ланка Готабаја Рајапакса побегна од земјата рано утринава, објави Асошиејтед прес, цитирајќи неименуван претставник за миграција.

Семејството Рајапакса, вклучително и поранешниот премиер Махинда Рајапакса, со години доминира во политиката на 22-милионската земја и повеќето жители на Шри Ланка го обвинуваат за нејзините сегашни проблеми.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Хибридна војна“: Нов инцидент на Балтикот ги зголеми безбедносните стравови

Исплата на надворешниот долг

Економијата зависна од туризмот е тешко погодена од пандемијата на ковид-19 и падот на девизите од странство, додека забраната за хемиски ѓубрива го оштети земјоделското производство. Таа забрана подоцна беше укината.

Шри Ланка не го исполни својот надворешен долг од 51 милијарда долари во април и преговара со ММФ за можна финансиска помош.

Островот речиси ги исцрпи своите и онака скудни резерви на бензин.

Loading...

Владата нареди затворање на несуштинските канцеларии и училишта за да се намали патувањето и да се заштеди гориво.