Вонредна состојба во Чиле, милиони без струја

Сподели со своите пријатели

Чилеанската влада прогласи вонредна состојба откако големиот прекин на електричната енергија остави во мрак милиони луѓе во јужноамериканската земја, вклучувајќи го и главниот град Сантијаго.

Loading...

Прекинот на струја во вторникот, најголем во земјата во последните години, е предизвикан од дефект на високонапонскиот далновод во северниот дел на Чиле, изјави министерката за внатрешни работи Каролина Тоха, отфрлајќи ја можноста за саботажа.

Говорејќи во доцна вечерното телевизиско обраќање до нацијата, чилеанскиот претседател Габриел Бориќ рече дека осум милиони домови биле погодени од прекинот, за што тој ги обвини приватните компании.

„Она што се случи денеска е срамота бидејќи не е прифатливо една или повеќе компании да влијаат врз секојдневниот живот на милиони Чилеанци и затоа должност на државата е да ги повика на одговорност“, рече Бориќ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Силен земјотрес во Јапонија

Една четвртина од мрежата работи

Националната агенција за одговор при катастрофи на Чиле, Сенапред, соопшти дека 14 од 16-те региони во земјата биле погодени.

Владата воведе полициски час од 22 часот до 6 часот наутро од најсеверното пристаниште Арика до јужниот регион Лос Лагос.

Министерството за внатрешни работи, исто така, соопшти дека распоредува вооружени сили низ земјата – која се протега на 4.300 километри долж брегот на јужниот дел на Тихиот Океан – за одржување на редот.

До 22 часот, само околу четвртина од побарувачката на електрична енергија во земјата е обновена, изјави Хуан Карлос Олмедо, претседател на одборот на Националниот координатор за електрична енергија на Чиле (CEN).

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кој ќе биде на власт во Германија?

Извршниот директор на CEN, Ернесто Хубер, рече дека телото „активирало неколку електрани, главно хидроелектрични централи“ за да се обиде да ја задоволи побарувачката во меѓувреме.

Проблеми во сообраќајот

Уличните светла во Сантијаго се изгаснаа и се огласија сирените во вторникот, додека метрото во главниот град – кое превезува милиони патници дневно – беше затворено и патниците се евакуирани, објави Ројтерс.

Чилеанскиот министер за транспорт Хуан Карлос Муњоз ги повика луѓето да останат дома, бидејќи предупреди дека само околу 27 отсто од семафорите во Сантијаго работат.

„Нема ништо. Нема готовина. Нема пари. Ништо“, изјави за Ројтерс жител на Сантијаго Хозе Луис Орландини.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Словачка: Нашиот став за Украина е принципиелен како и за непризнавањето на Косово

Властите на меѓународниот аеродром Артуро Мерино Бенитез во Сантијаго соопштија дека терминалите користат струја за итни случаи и летовите функционираат нормално.