Вонредна состојба поради торнада е прогласена во јужната американска држава Мисисипи и околината, јавува Анадолија.
Loading...
Бројот на жртвите од торнадото што во петокот вечерта го погоди Мисисипи се искачи на 26, а десетици луѓе се повредени.
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден, објави дека прогласил сојузна вонредна состојба за регионот погоден од торнадото.
Голема материјална штета е причинета на поширок простор по ударот на десет торнада. Една од погодените области е градот Ролинг Форк.