Вонредна седница на Советот на Општина Куманово, побара ВМРО-ДПМНЕ

Сподели со своите пријатели

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Куманово доставило иницијатива до претседателката на Советот на Општина Куманово Атина Мургашанска за свикување Вонвредна седница на Советот, со една точка на дневниот ред: „Преземање на итни мерки и активности за заштита на граѓаните во општина Куманово од екстремно високата загаденост на амбиенталниот воздух со PM10 честички“.

– Сведоци сме дека во последните 13 дена нивото на концентрација на PM 10 честичките во амбиенталниот воздух во Куманово постојано се движи во интервал од ВИСОКА до ЕКСТРЕМНО ВИСОКА загаденост согласно пропишаните норми од Европската унија. Затоа бараме од градоначалникот на општина Куманово, во соработка со сите надлежни институции, тела и органи од општина Куманово и Република Макеоднија да изготви и на Вонредната седница до Советот да достави информација за состојбата со екстремната загаденост на амбиенталниот воздух на територија на општина Куманово и програма со итни мерки и активности кои можат и мора да се преземат за да се намали штетното дејство од екстремно високата загаденост на амбиенталниот воздух на територијата на општина Куманово, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Leave a Reply