Вонредна седница на Советот на Општина Куманово

Сподели со своите пријатели

Советот на Општина Куманово утре со почеток во 10 часот во кружната сала на поранешен Комитет ќе одржи вонредна седница со цел носење одлука за парична помош за албанскиот град Драч кој беше погоден од разорен земјотрес.

Loading...

Пред советниците на дневен ред ќе се најде само една точка, Предлог – Одлука за исплата на парични средства од Буџетот на Општина Куманово со намена – хуманитарна помош за  настраданото население од катастрофалниот земјотрес во Општина Драч – Република Албанија.

Инаку Драч и Куманово се збратимени градови, а кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски уште вчера информираше дека ќе стапи во контакт со тамошниот колега со цел да се информира на кој начин најсоодветно градот може да помогне на тамошното население.

Leave a Reply