Градоначалникот на општина Куманово Зоран Дамјановски побара итна седница на Советот на општина Куманово, на која советот треба да ја измени одлуката за давање под закуп имот кој не е од јавен интерес како гаранција за исплата на долгот на Чистота и Зеленило од Министерството за финансии.
Советот треба да донесе одлука за изменување на одлуката за залог, бидејќи како што информира градоначалникот добиле известување од министерството за финансии дека тие не се надлежни за давање согласност за залог. Советот според градоначалникот треба да донесе и одлука за објектот на салата за парастас кој е во сопственост на чистота да го оделат имотот на салата од парцелата и целокупниот имот на Чистота.
Едногласно, по координацијата со советничките групи одлучено е утре да се одржи вонредна седница на која советот треба да даде согласност за измена на документацијата со што ќе биде комплетирана и истата предадена за деблокирање на сметката, изјави преседателот на советот на општина Куманово Александар Арсиќ.
Тој посочи дека Чистота ќе си го намиру долгот кон УЈП на 36 рати , а советот треба да му овозможи и да ги тргнат сите препреки, за да нормално функционира оваа претпријатие.
Дамјановски упати и апел до вработените да издржат и да се вратат на работа, а веднаш штом ќе добијат нотарска гаранција ќе ја деблокираат сметката и ќе им пуштат плата.
Револт има кај вработените , но имаме цврсто ветување од УЈП дека со завршување на одлуката на советот ќе се деблокира сметката и веднаш ќе им исплатиме плата на вработените – вели Дамјановски.

