Општинската организација на Црвен крст Куманово организира вонредна летна крводарителска акција која ќе се одржи во среда.
Loading...
Акцијата која ќе биде во центарот за култура, ќе почне во 09, а ќе трае до 15 часот.
– Ги охрабруваме сите здрави и подобни лица кои ги исполнуваат условите за крводарување да даруваат со цел снабдување со крв за пациентите кои имаат потреба од трансфузија. Посебен апел упатуваме до крводарителите со крвните групи А+ и 0+, но секако се добредојдени и крводарителите со останатите крвни групи. Биди хуман, дарувај крв, спаси нечиј живот-стои во соопштението.