Вонредна крводарителска акција во Куманово организира Општинската организација на Црвениот крст во среда во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во период од 9 до 15 часот.
Целта на акцијата е зајакнување резервите на крвни единици, кои периодов бележат надолен тренд.
– Ги охрабруваме сите здрави и подобни лица кои ги исполнуваат условите за крводарување да даруваат крв со цел да се одржи адекватното снабдување со крв за пациентите кои имаат потреба од трансфузија. Одвојте 30 минути од вашето драгоцено време и бидете дел од крводарителската акција која ќе се одржи на 09.06.2021 (среда) во Центар за култура „Трајко Прокопиев” Куманово од 9-15 часот, стои во повикот за крводарителската акција на ОО на Црвен крст Куманово.
Оттаму порачуваат, граѓаните да бидат хумани, да даруваат крв, а со тоа да спасат нечиј живот.
Никола Ивановски