Волстрит го заврши денот во плус

Сподели со своите пријатели

На Волстрит, најважните индекси во вторникот го завршија тргувањето со благ плус, благодарение на послабите од очекуваните податоци за пазарот на труд во најголемата светска економија, кои ги зајакнаа очекувањата на инвеститорите дека ФЕД ќе ги намали каматните стапки.

Loading...

Во вторникот, њујоршкиот Dow Jones индексот зајакна 140,26 поени, или 0,36 отсто, на 38.711 поени, додека индексот S&P 500 порасна за 0,15 отсто, на 5.291 поен, а Nasdaq 0,17 отсто, на 16.857 поени.

Вчерашниот ден им донесе на инвеститорите нивниот прв поглед на состојбата на пазарот на трудот во САД, со објавувањето на податоците за Отворање на работни места и промет на трудот, познати како JOLTS, кои покажаа дека имало 8,06 милиони работни места во април, што е најниска бројка во повеќе од три години, и речиси 400.000 пониски отколку што предвидуваа економистите.

Овој податок им сигнализира на учесниците на пазарот релаксација на побарувачката на пазарот на трудот, што ги поддржува очекувањата дека ФЕД може да почне да ги намалува каматните стапки оваа година, а тоа го поддржа растот на цените на акциите, откако на почетокот на неделата беше објавено дека Индустриската активност исто така ослабе втор месец по ред.

Следниот значаен сет на статистика за вработување пристигнува во среда со објавувањето на податоците од агенцијата за вработување ADP, за кои економистите предвидуваат дека ќе покаже дека приватните работодавци додале 175.000 работни места во мај, додека во петок се очекува објавување на податоците за вработувањето на американското Министерство за трговија..

„Претстојните објави за податоци од пазарот на трудот се јасно во фокусот на пазарот, бидејќи сите овие се важни податоци од гледна точка на монетарната политика“, рече Бил Нортеј, директор за инвестиции во У.С.Банк Велт Менаџмент.

На европските берзи во вторникот најважните индекси паднаа во минус, бидејќи згасна позитивниот моментум што го одбележа тргувањето во изминатите неколку трговски дена. Паневропскиот индекс STOXX 600 падна за 0,5 отсто, додека франкфуртски DAX загуби 1,09 отсто, на 18.405 поени, лондонски Ftse 0,37 отсто, на 8.232 поени, а францускиот CAC 0,75 отсто, на 7.937 поени.