Володин: Провокација во Буча е претстава наменета за Запад

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Државната дума на Русија, Вјачеслав Володин оцени дека настаните во украинскиот град Буча се провокација чија цел е дискредитација на Русија.

Loading...

„Ситуацијата во Буча е провокација со цел да се дискредитира Русија. Тоа што се случи беше инсценирано. Претставата е наменета за западната публика“, напиша Володин на Телеграм.

 

Британците ги провериле руските наводи за фалсификување злосторства во Буча, еве што откриле

 

Тој оцени дека на земјите од НАТО не им е потребна истрага и дека виновниците се веќе именувани.

„Нема факти. Само лаги“, додаде Володин, пренесува РИА Новости.

Тој потсети дека Русија двапати побарала итна седница на Советот за безбедност на ОН, но Велика Британија го блокирала одржувањето.

Loading...

 

Русија ќе презентира докази пред Советот за безбедност дека наводите за Буча се лага

 

Украина тврди дека руските сили извршиле воено злосторство против цивили во градот Буча во близина на Киев, додека Русија категорично ги отфрла тие обвинувања.