„НАТО однапред го подготви нападот на Украина врз Русија. Во јануари САД почнаа да испорачуваат оружје на Украина, но одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да започне специјална воена операција во Украина спречи голема трагедија“, изјави денеска претседателот на Државната дума на Русија, Вјачеслав Володин.
„Нашите војници и офицери спречија голема трагедија. НАТО ја подготвуваше Украина да ја нападне нашата земја. Како поинаку да се објасни дека сите одлуки за испорака на оружје за Украина беа донесени од американскиот Конгрес во јануари, пред почетокот на (руската) специјална воена операција“, напиша Володин на Телеграм.
Како што пренесува Спутник, граѓаните на Украина сега се само „потрошен материјал“ за Вашингтон, а национализмот стана „државна идеологија на Киев“.
„Доколку рускиот претседател Владимир Путин не донесеше таква одлука, на територијата на нашата земја ќе имаше конфликти. Тој успеа да спречи напад врз Русија“, подвлече претседателот на Државната дума на Русија.