Волк искаса жена во Хамбург

Сподели со своите пријатели

Волк касна 65-годишна жена покрај Икеа во Хамбург, по што повредената жена е однесена во болница, објави денес германската полиција.

Повредите, вклучувајќи рани на образот и устата, барале конци, но не биле опасни по живот, објави Билд.

Потоа животното избегало низ градот, но на крајот било фатено од властите.

Волкот е ставен под надзор во Паркот за диви животни Клевенштајн во Ризен, а неговата судбина ќе биде решена во наредните денови.

Експертите истакнаа дека ова е прв документиран напад на волк врз човек во Германија.

Според нив, волкот веројатно бил избркан од глутницата и бара нова територија, поради што е виден во различни делови на Хамбург во изминатите неколку дена, вклучително и во близина на училиште и приватна градина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  СМРТНА КАЗНА: Додека поголемиот дел од светот ја укинува, овие земји масовно ја применуваат