Во сега веќе дамнешната 1979. година, компанијата Сони го произведе уредот кој на широките потрошувачки маси им овозможи слушање музика по сопствен избор во движење, познатиот вокмен кој на 1. јули наполни 39 години.
До појавата на вокменот, луѓето можеле да слушаат музика во движење само преку мали преносни радио апарати и тогаш сите слушале иста музика.
Loading...
Првиот вокмен имал два влеза за слушали и копче за попуштање и намалување на тонот. Компанијата тогаш навела дека моделот има два влеза за слушалки, за да поединци не го сметаат за непристојно лицето кое само слуша музика.
Со појавата на вокменот, настана и култура за користење на слушалки за музика во движење, а како луѓето не би мислеле дека станува збор за помагала за слух, Сони ангажираше млади луѓе да го промовираат новиот производ на улиците во Токио.
За слушалките се одлучиле од една интересна причина. Тогашниот потпретседател на компанијата Масару Ибук, барал слушалки, за да може во мир да слуша опера во текот на работните летови. Инжинерите Ноботоши Кираха и Козо Осохне затоа ги осмислиле слушалките, а идејата ја нашле кај диктафонот наменет за новинари.
https://youtu.be/xOTfzZCyCmo
Вокменот бил апсолутен хит меѓу тинејџерите кон средината на осумдесетите години и било прашање на престиж да се има.
Со појавата на преносни ЦД плеери, а подоцна и МП3 плеери и ајподи, вокменот изумре.
Сони во 2010. година престана да произведува верзија за аудио касети, но затоа постои дигитална верзија.
https://youtu.be/6ogdf-glpV4