Војниците на Националната гарда на САД во Вашингтон почнаа да носат оружје

Сподели со своите пријатели

Војниците на Националната гарда на САД кои патролираат по улиците на Вашингтон како дел од операцијата против криминалот што ја започна претседателот Доналд Трамп, почнаа да носат оружје, соопштија официјални лица.

Loading...

Точниот број на војници со оружје не беше прецизиран, но извори потврдија дека тие ќе носат пиштоли М17 или пушки М4, објави Ројтерс.

Одлуката дојде откако стотици невооружени војници беа распоредени на улиците на Вашингтон во последните две недели, откако Трамп прогласи вонредна состојба поради зголемување на криминалот во округот.

Министерот за одбрана на САД, Пит Хегсет, минатата недела им овласти на војниците да го носат оружјето.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп обвинет за „фабрикување криза“ за испраќање војници во Чикаго

Претставници на Заедничката работна група (DC) на Гардата изјавија дека ќе користат сила „само како последно средство“ и само во случаи на непосредна закана по животот или сериозни телесни повреди.

Трамп, во меѓувреме, рече дека размислува за проширување на операцијата против криминалот во Чикаго, како и за можноста за распоредување војници во Балтимор, објави Танјуг.

Вчера, Трамп предложи испраќање војници во Балтимор, тврдејќи дека е подготвен да го „исчисти градот од криминал“.

Претставници на Пентагон изјавија дека се во почетна фаза на планирање на евентуално распоредување на трупи во Чикаго, но дека сè уште не се донесени формални одлуки.

Loading...