Војната во Украина ќе биде погубна за Русија, вели британската министерка за надворешни работи

Сподели со своите пријатели

Британксата министерка за надворешни работи Лиз Трас, која беше во официјална посета на Москва, на Твитер се закани со „катастрофални последици за Русија во случај на војна со Украина“.

Loading...

– Оваа недела сум во Москва за да испратам силна порака дека војната во Украина ќе биде погубна за Русија, Украина и европската безбедност. Русија мора да го следи дипломатскиот пат и да го почитува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина – напиша таа утрово на Твитер.

Лиз Трас е во дводневна работна посета на Москва.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ќе разговара со неа на 10 февруари.

Тие ќе разговараат за европската безбедност и долгорочните безбедносни гаранции што ги бара Русија.

 

 

Loading...

Британската амбасада во Москва прецизираше дека Трус ќе инсистира на тема Украина.

На 11 февруари во руската престолнина ќе пристигне и британскиот министер за одбрана Бен Валас.

Ден претходно, на 9 февруари, рускиот амбасадор во Обединетото Кралство Андреј Келин истакна дека е бескорисно ако Трас и Валас дојдоа во Русија уште еднаш да се заканат со санкции.

 „Тогаш разговорот во Москва веројатно ќе биде доста краток“, рече тој.