„Војната се решава на терен, а не на Твитер“: Иранската гарда му се потсмева на Трамп (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Портпаролот на Иранската револуционерна гарда (ИРГК) Ебрахим Золфагари му се потсмева на американскиот претседател Доналд Трамп во порака на англиски јазик, осврнувајќи се на неговите објави на социјалните мрежи.

– Исходот од војната се одлучува на терен, а не со твитови. Точно таму каде што вие и вашите сили дури и не се осмелувате да се приближите, а за тоа можете да пишувате само во вашите твитови. Подобро е оваа војна да се нарече „Епски страв“ наместо „Епски бес“ – рече Золфагари.

Што е Иранската револуционерна гарда?

Иранската револуционерна гарда е елитна гранка на иранските вооружени сили основана по Исламската револуција во 1979 година како паралелна безбедносна структура на редовната армија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Британија размислува за испраќање дронови во Ормутскиот теснец

Нејзината првична улога беше да ја заштити револуционерната влада и политичкото раководство, но со текот на времето прерасна во организација што многу аналитичари ја опишуваат како еден вид „длабока држава“.

Покрај силното влијание во безбедносниот апарат, таа изгради и голема бизнис империја.

Влијание во политиката и економијата

Командантот на Револуционерната гарда директно му известува на Врховниот лидер на Иран.

ИРГК има длабоко влијание врз домашната политика и економијата, со интереси што се протегаат во градежниот сектор, телекомуникациите, автомобилската индустрија и енергетиката.

Една од нејзините подгрупи, Басиџ, учествуваше во задушувањето на антивладините протести во 2009 година и помогна во консолидирањето на моќта на тогашниот тврдокорен претседател Махмуд Ахмадинеџад.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Дронови и ракети испукани кон американската амбасада во Багдад (ВИДЕО)

Прогласена за терористичка организација

Во 2019 година, администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп официјално ја прогласи ИРГК за терористичка организација.

Врховниот совет за национална безбедност на Иран потоа ги прогласи Соединетите Американски Држави за „државен спонзор на тероризмот“ и ги означи американските сили во регионот како терористички групи, објави во тоа време иранската државна агенција ИРНА.

Сојузниците на Америка на Блискиот Исток, исто така, ја сметаат Револуционерната гарда за сериозна безбедносна закана.

Бахреин и Саудиска Арабија ја наведоа ИРГК како терористичка организација во 2018 година, додека Европската Унија го стори тоа оваа година по насилното задушување на антивладините протести во Иран.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Израел тврди дека Ларијани и командантот на Басиџ се убиени, Иран без реакција