Војната може да трае уште шест месеци, вели советникот на Зеленски

Сподели со своите пријатели

Советникот на украинскиот претседател Михаило Подољак изјави дека војната со Русија може да трае и до половина година.

Loading...

„Ова може да потрае уште два до шест месеци“, рече претседателскиот советник Подољак во интервју за рускиот опозициски портал Медуза доцна во петокот.

Тој рече дека клучен фактор за времетраењето на војната е количината на залихи на оружје, а вториот фактор е расположението во Европа, Украина и Русија, кое може да се промени со текот на времето.

Мировните преговори би можеле да се одржат само ако ситуацијата на терен се промени и Русија повеќе не верува дека може да диктира услови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина со дронови нападна аеродром, снимен е моментот на ударот (ВИДЕО)

Тој предупреди дека територијалните отстапки за Русија нема да ја завршат војната. Некои градови, како Мариупол и сега Северодоњецк, каде што се водат најжестоките борби, всушност веќе не постојат, рече тој.

Подољак досега ги процени загубите на Русија на вкупно 80.000 луѓе. Тука спаѓаат загинатите и ранетите од редовната армија, сепаратистите и членовите на платеничките сили на Вагнер.

Тој рече дека по катастрофалната почетна фаза на војната за Москва, со до 1.000 мртви во војната дневно, сегашните загуби на руските и украинските војници се „споредливи“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски неодамна изјави дека Украина губи до 100 мртви и 500 ранети дневно.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русија уапси тинејџер: Го доведува во врска со саботажа