Војна на банди во Шведска: Премиерот повика на помош и војска

Сподели со своите пријатели

Шведскиот премиер Улф Кристерсон го повика началникот на вооружените сили и началникот на полицијата во обид да го запрат насилството од бандите. Само во септември во Шведска беа убиени 11 лица.

Loading...

Две лица беа убиени во одвоени престрелки во Стокхолм во средата, а една жена беше убиена кога бомба уништи куќа.

„Ова е тешко време за Шведска. 25-годишна жена синоќа отиде во кревет, но не се разбуди“, рече премиерот Улф Кристерсон за време на реткото телевизиско обраќање до нацијата.

Потоа најави: „Ќе ги ловиме бандите и ќе ги победиме“.

Кристерсон формираше малцинска влада на десниот центар по минатогодишните избори со поддршка на популистичките и антиимигрантски шведски демократи, со што стави крај на осумгодишното владеење на Шведска под водство на социјалдемократите.

Неговата коалиција победи на изборите делумно со ветување дека ќе престане да расте насилството на бандите и покрена низа иницијативи, како што се поголеми полициски овластувања и построги казни за злосторствата со оружје.

Мерките допрва треба да стапат на сила, но Кристерсон ја обвини за проблемите поранешните влади.

„Неодговорната имиграциска политика и неуспешната интеграција е она што нè доведе овде“, рече Кристерсон.

Loading...

Шведска има либерална имиграциска политика со децении и прими повеќе имигранти по глава на жител од која било друга европска нација за време на миграциската криза во 2015 година.

Поранешната влада предводена од социјалдемократите ја промени таа политика, но владата на Кристерсон ја заостри.

Околу 20 отсто од 10,5 милиони жители на Шведска се родени во странство.

Претходно во четвртокот, опозициските Социјалдемократи, најголемата партија во парламентот, ја повикаа владата да го промени законот, дозволувајќи и на армијата да помогне во запирање на насилството од бандите.

„Ова не е Шведска, не е таква каква што треба да биде Шведска“, рече лидерката на социјалдемократите Магдалена Андерсон.

Полицијата проценува дека околу 30.000 луѓе во Шведска се директно инволвирани или имаат врски со криминални групи.

Насилството, исто така, се прошири од големите урбани области во помалите градови каде насилството беше ретко.