Воени игри во Оманскиот залив – Иран заплени танкер со нафта за Америка

Сподели со своите пријатели

Иранската морнарица заплени танкер со нафта што пловел под знамето на Маршалските острови во Оманскиот залив на пат кон САД, соопшти Петтата флота на американската морнарица, велејќи дека запленувањето го прекршува меѓународното право и ја нарушува регионалната безбедност.

Loading...

Петтата флота на американската морнарица со седиште на Блискиот Исток идентификуваше дека танкерот „Adventure Suite“ е запленет и го повика Иран веднаш да го ослободи.

Сателитски податоци за следење на брод од веб-страницата Marine Traffic покажаа дека танкерот бил запленет во Оманскиот Залив, северно од главниот град на Оман, Мускат, во четвртокот попладне.

Танкерот доаѓал од Кувајт и се движел кон Хјустон во американската сојузна држава Тексас.

Танкерот упати повик за помош додека Иран го заплени бродот во меѓународните води, соопшти морнарицата.

Морнарицата првично рече дека иранската Револуционерна гарда го запленила бродот, но авион на американската морнарица подоцна потврди дека иранската морнарица го заробила танкерот, изјави за АП портпаролот на Петтата флота, командантот Тимоти Хокинс.

Иранската државна новинска агенција ИРНА соопшти дека запленувањето дошло откако „непознат брод минатата ноќ“ се судрил со ирански брод во Персискиот залив, при што неколку ирански членови на екипажот се исчезнати и повредени.

Другиот брод вклучен во наводниот судир не е идентификуван. Петтата флота објави дека тоа е најмалку петтото иранско заплена на комерцијален брод во последните две години, пренесува Танјуг.

Loading...