Односите меѓу Русија и Кина во воената сфера не се насочени против трети земји, изјави кинескиот министер за одбрана Ли Шангфу на XI конференција во Москва за меѓународна безбедност.
„Односите меѓу Кина и Русија во воената сфера се пример за неврзување и неконфронтација и не се насочени против трети земји“, рече Ли.
Според неговите зборови, кинеската влада ќе придонесе за мировните преговори насочени кон решавање на конфликти и меѓународни проблеми, вклучително и кризата во Украина.
„Остануваме посветени на придонесот во мировните преговори и градењето на најширок можен меѓународен консензус со цел да се надминат несогласувањата и проблемите, без разлика дали се работи за Авганистан, Сирија, Корејскиот полуостров, кризата во Украина или иранското нуклеарно прашање“, посочи тој.
Ли додаде дека Кина е подготвена да ја зајакне меѓународната соработка за контрола на оружјето, пренесува Танјуг.