Воената хунта на Нигер назначи нов премиер и ја отфрли понудата за дијалог

Сподели со своите пријатели

Воената хунта во Нигер денеска именуваше нов премиер и најави дека нема да преговара со Економската заедница на западноафриканските држави (ЕКОВАС).

Loading...

Хунтата одби да прими посреднички тимови од ОН, Африканската унија и ECOWAS, наведувајќи ги „очигледни безбедносни причини во атмосфера на закана“, се вели во писмото што го видела агенцијата Асошиејтед прес, пренесува Бета.

Откако беше одбиена посета на Нигер, ECOWAS рече дека се обидува да најде мирно решение за кризата и дека ќе продолжи да ги презема сите неопходни мерки за да се обезбеди враќање на уставниот поредок.

Се очекува ECOWAS повторно да се состане утре во Абуџа, главниот град на соседна Нигерија, за да разговара за ситуацијата во Нигер.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  САД и Филипините потпишаа договор за споделување на доверливи воени информации и технологии

Водачите на пучистите објавија дека армијата е подготвена да се брани од секој надворешен притисок за враќање на соборениот претседател Мохамед Базум, откако ЕКОВАС воведе санкции и западните сојузници ја прекинаа помошта.

Да потсетиме, претседателот на Нигер, Мохамед Базум беше соборен со воен удар.

Базум, чија состојба не е позната откако воената хунта го фати, напиша во авторски текст за Вашингтон пост дека сега му се обраќа на светот како заложник и додаде дека државен удар ќе има катастрофални последици за Нигер. но и за целиот свет.

„Борбата за нашите заеднички вредности, вклучително и демократскиот плурализам и почитувањето на владеењето на правото, е единствениот начин да се победи сиромаштијата и тероризмот преку одржлив напредок“, напиша соборениот претседател.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Хорор во Австрија: Мајка со нож го убила четиригодишниот син

Тој, исто така, предупреди дека водачите на хунтата кои ја презедоа власта насилно се поврзани со руската платеничка група Вагнер, која има влијание во другите земји од регионот.

Исто така, лидерите на воената хунта го затворија воздушниот простор на земјата до понатамошно известување бидејќи соседните земји се заканија со воена интервенција доколку не ја предадат власта.

Инаку, американскиот државен секретар Ентони Блинкен за британскиот Би-Би-Си изјави дека руската паравоена група „Вагнер“ не предизвикала нестабилност во Нигер, каде воената хунта ја презела власта со соборување на демократски избраниот претседател, туку ја користи ситуацијата.

Тој рече дека САД се загрижени за можноста Вагнер да оперира бидејќи каде и да оделе „следувала смрт, уништување и експлоатација“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Три европски земји им делат брошури на граѓаните во случај на војна и неочекувани кризи