Три лица беа пронајдени мртви кога патролен авион на јужнокорејската морнарица се урна на југот од земјата, соопштија властите.
Четвртото лице сè уште не е пронајдено, објавија јужнокорејските медиуми.
Јужнокорејската морнарица потврди дека патролен авион П-3 со четири члена на екипажот се урна во планина во југоисточниот град Поханг.
Воениот авион се урна во 13:52 часот по локално време, објави Џонап.
Сведоци пријавиЛе дека од планината се издига чад.
Спасувачи и противпожарни возила биле испратени на местото на несреќата откако добиле извештаи од локалните жители дека паднал неидентификуван летачки објект и дека имало експлозија, соопштија службите за итни случаи, пренесува АП.
Полициската станица Намбу во Поханг соопшти дека во несреќата учествувал патролен авион на морнарицата, но не можеше веднаш да потврди дали имало жртви или повредени.
Властите објавија дека немало цивилни жртви.