Секојдневно опаѓа нивото на водата во реката Пчиња.
Најновите мерења на Управата за хидрометеоролошки работи покажува дека водостојот на Пчиња со мерно место во селото Пелинце, изнесува само 15 сантиметри, што е ниво кое не е забележано неколку години.

Ова е пад за еден сантиметар во споредба со вчера, односно три сантиметри во споредба со нивото измерено изминатата среда.
Просекот за месец август лани изнесувал 38, а во септември 34 сантиметри.