Водостојот на реката Пчиња е над просекот, покажуваат последните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи, направени утринава на мерната станица во атарот на селото Пелинце во кумановско.
Loading...
Според мерењњата од 07:30 утринава, нивото на водата на Пчиња изнесува 72 сантиметри, додека просекот на месец февруари е 59.
Последователно се забележува и благ тренд на раст споредбено со мерењата направени во текот на изминатиот ден и тоа за два сантиметри.
Никола Ивановски