Водостојот на Пчиња едвај над 30 сантиметри

Сподели со своите пријатели

Водостојот на Пчиња е далеку под просекот за овој период од годината и едвај надминува триесет сантиметри.

Loading...

Последните мерења направени од страна на Управата за хидрометеоролошки работи утринава во 07:30 часот на мерната станица во атарот на селото Пелинце, покажуваат дека водостојот на реката Пчиња изнесува 36 сантиметри.

Ова е далеку под просекот за месецот јуни, кој изнесува 51 сантиметар.

Во текот на изминатата недела нивото на Пчиња било најголемо во среда кога водата се искачила до 40 сантиметри.

Никола Ивановски

Leave a Reply