Водостојот на Пчиња двојно под просекот

Сподели со своите пријатели

Водостојот на реката Пчиња е двојно под просекот за овој период од годината, покажуваат мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Според мерењата направени утринава во 07:30 часот на мерната станица во атарот на селото Пелинце, водостојот на Пчиња изнесувал 24 сантиметри. Тоа е пад од два сантиметри споредбено со вчера, кога биле измерени 26 сантиметри.

Сепак, ова е водостој кој е двојно под просекот за овој период од годината кој изнесува 51 сантиметар.

Никола Ивановски

Leave a Reply