Водостоите во кумановско критични, екипите на Водостопанство на терен (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Голем дел од водостоите во кумановскиот крај се на критично ниво поради обилните врнежи од дожд во текот на изминатите денови, а наместа реките Пчиња и Крива река се веќе излеани.

Loading...

 

 

Екипите на „Водостопанство Кумановско – липковско поле“ интервенираат на реката Пчиња во истоименото село.

 

 

Loading...

– Се трудиме да го заштитиме населението и мостот. Во изминатото деноноќие повторно има големи врнежи во Крива Паланка и Козјак со што се очекува нивото на Пчиња и Крива Река уште да се зголеми. Апелирам да се вклучат и другите институции за да ги заштитиме граѓаните, вели директорот Оливер Илиевски.

 

 

Речното корито на Пчиња во селото Стрновац како што информира Илиевски е уредено во 2018-та година, проширено 40 метри и продлабочено 1 метар во должина од 3 км. Во моментот нема излевање на овој потег, но водостојот е на критично ниво.

Излевање има во Меморијален центар Пелинце.

– Речното корито е уредено во 2018-та година со 60 метри ширина. Пред 2018-та година и при мали врнежи беше поплавуван центарот. Во моментов има мало излевање. Се препорачува на Општина Куманово да излезе на терен со механизација за заштита на центарот, вели Илиевски.

 

Loading...

 

Кај мостот над меморијален центар Пелинце не е во опасност, но водостојот и таму е на критично ниво.

На критично ниво, но без излевања е водостојот кај мостот во селото Драгоманце, но и во селото Коинце. Речните корита на овој потег се исчистени во 2019 година, информираше Илиевски.

Засега нема опасносст за излевање на речните корита на Којнарка и Липковска, со оглед дека нивните речни корита се уредени минатата година.

 

 

Loading...

Leave a Reply