Водостоите пониски од просекот за ноември

Сподели со своите пријатели

Четири пати пониско од просекот за ноември е нивото на Црна Река кај Новаци, покажува денешното хидролошко мерење.

Како што соопшти УХМР, двојно пониски се водостоите на реките Вардар кај Јегуновце и Скопје, Пчиња кај Катлановска Бања и Крива Река кај Крива Паланка.

И кај другите реки се измерени пониски вредности од ноемврискиот просек.

И денеска нивото на Дојранското Езеро е за околу 250 сантиметри повисоко, додека кај Охридското речиси нема промени.

Извор: МИА

Loading...