Водостојот на реките во кумановскиот регион е во постепено опаѓање, откако денеска престанаа врнежните од дожд кои започнаа минатиот четврток и доведоа до големо зголемување на нивото на сите речни и езерски акумулации во земјава.
Последното мерење на водостојот на реката Пчиња извршено во атарот на селото Пелинце е направено во 12:30 часот и исиот изнесува 112 сантиметри, пто е за четири сантиметри помалку во споредба со мерењето направено во 18 часот вчера. Најголемото ниво кое Пчиња го достигнала на оваа место било на 11-ти кога висината на водата изнесувала рекордни 142 сантирметри.
Во опаѓање е и водостојот на реката Кумановка, која според мерењата напарвени утринава во 8 часот изнесувала 107 сантиметри, што е значително помалку во споредба со 122 сантиметри водостој измерен вчера во 18 часот кога реката го достигнала и својот рекорден водостој.
Водостојот на Крива Река спроед мерењата утринава водостојот изнесува 46 сантиметри.