Снабдувањето со вода низ домаќинствата во Куманово се одвива без проблеми, а дотурот на вода од 300 литри во секунда засега е сосема задоволителен со вклучениот бај пас, вели Горан Стојковски, директор на Јавното претпријатие „Водовод“ на 54та седница на Советот на Општина Куманово која се одржа денес.
На советничко прашање на Јовица Станковски, до кога ќе трае недостатокот на вода во високите зони, директорот истакна дека состојбата моментално е нормализирана.
На 15ти јуни баравме бај пас од „Кумановско-липковско поле“, но немавме никаков одговор, па затоа стапивме во преговори со новот АД „Водостопанство“ и директорот Ромео Тренов и по одржаните два состаноци можам да кажам дека најдовме разумен човек, максимално коректер со кој постигнавме договор. На состанокот кој го одржавме кај градоначалникот ни ветија дека ќе добиеме бај пас во среда во 7 часот, но веќе во вторник во 20 часот беше пуштен истиот – рече Стојковски.

