Врнежите дожд и снег кои ја зафатија Македонија поизразено ги полнат речните корита и суводолите особено во деловите околу Бистра, Шар Планина, Стогово, Кораб, Јабланица и Баба.
Од УХМР очекуваат брз пораст на нивото во реките Треска, Радика, Сатеска, Кичевска, горниот тек на Вардар и нивните притоки.
Според информациите од ЕЛЕМ, вештачките акумулации имаат доволно резерви слободен простор и можат да ја акумулираат водата што надоаѓа.
Најавените и очекуваните обилни врнежни ќе го зголемуваат нивото на водотеците, а најмногу во западните, југозападните и северните делови на државата.
Поради ваквата состојба, надлежните предупредуваат на внимателно движење покрај реките и суводолите.
Извор: МИА

